Претседателката на Европскиот парламент: Храбри девојки на улиците на Иран, ова е вашето време

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Метсола, ги повика проѕвестниците во Иран да продолжат да се борат за слобода и достоинство, и ја осуди блокадата на интернетот и репресијата од страна на режимот.

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Метсола, денеска ги повика проѕвестниците во Иран да продолжат со протестите, и покрај насилните акции на Исламската Република.

„Храбрите девојки, студенти, мажи и жени на улиците: ова е вашето време“, напиша Метсола на платформата X.

Говорејќи за блокадата на интернетот во Иран, таа додаде: „Запомнете, секој режим кој ја блокира комуникацијата е режим кој се плаши од сопствениот народ.“

„Убивањето мора да престане“

Метсола го повика и лидерството во Техеран да го промени курсот, нагласувајќи дека достоинството и слободата не се премногу за барање во 2026 година.

„Убивањето мора да престане. Невините и прогонетите мора да бидат ослободени. Мора да престане репресијата“, напиша таа.

Таа исто така ги повика земјите членки на ЕУ да го зголемат притисокот врз Техеран, без да наведе конкретни мерки, додавајќи: „Европа мора да ја разбере својата должност и мора да дејствува“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни