Привремен прекин на огнот во близина на нуклеарната централа Запорожје

IAEA потврди „период на тишина“ за поправка на далекуводите и подобрување на нуклеарната безбедност

Привремен прекин на огнот стапи на сила во близина на нуклеарната електрана Запорожје, соопшти денес Меѓународна агенција за атомска енергија (IAEA).

Според соопштението објавено од агенцијата, прекинот на огнот овозможил започнување на итни работи за поправка на далеководите кои ја снабдуваат со електрична енергија Нуклеарна електрана Запорожје. Овие активности се реализираат по уште едно локално примирје, постигнато со посредство на IAEA, пренесуваат руските медиуми.

Од агенцијата наведуваат дека работите имаат за цел да се обнови преносот на електрична енергија меѓу нуклеарната електрана Запорожје и разводните постројки на термоелектраната Запорожје, што е клучно за стабилно функционирање на системите за безбедност.

Генералниот директор на IAEA, Рафаел Гроси, изразил благодарност до двете страни за прифаќањето на новиот „период на тишина“, нагласувајќи дека ваквите договори директно придонесуваат за намалување на ризиците и зајакнување на нуклеарната безбедност во регионот.

Нуклеарната електрана Запорожје, најголемата во Европа, и понатаму останува една од најчувствителните точки во контекст на војната во Украина, а меѓународните институции редовно предупредуваат дека стабилното снабдување со електрична енергија е од суштинско значење за спречување на нуклеарен инцидент.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни