Управата на Правниот факултет во Нови Сад предложи ново решение за одржување на јануарскиот испитен рок поради студентските блокади. Испитите можеби ќе се полагаат на местото каде дипломираните правници го покажуваат своето знаење – во судниците.
Управата на Правниот факултет е решена да го организира јануарскиот испитен рок, а студентите кои го блокираат факултетот исто така се решени да го спречат тоа.
„Каква е смислата на тоталната блокада ако тие ги одржуваат испитите?“ прашува Давид Бугарски, студент на Правниот факултет.
„Ние уште еднаш апелираме управата да го одложи целосно јануарскиот рок, а не вака ден по ден, затоа што ние од тука нема да се повлечеме додека не се исполнат нашите барања“, вели Бугарски.
Продеканката за настава на Правниот факултет во Нови Сад испрати допис до Наставно-научниот совет, во кое предлага јануарскиот испитен рок да се организира во судот.
„Предлагаме да ни се отстатат просториите на судот (расположивите судници) за изведување на испитите, не нарушувајќи го редовниот работен процес на судот, надвор од работното време, работни денови во периодот од 16 до 20 часот и саботите од 8 до 17 часот, во периодот од 16 до 31 јануари. Во прилог на овој предлог го истакнуваме и фактот дека многу години наназад практичната настава се реализира во овие судови, што е и предвидено во акредитираните студиски програми, како и тоа дека најголемиот број предмети од акредитираните студиски програми на нашиот Факултет се полагаат и на правосудниот испит“, изјавила Сандра Фишер Шобот, продекан за настава.
Тие наведуваат дека за полагање на испитите во јануарскиот рок се пријавиле 1900 студенти, што е повеќе од половина од вкупниот број, а кои пријавиле вкупно 3670 испити. Испитниот рок требаше да започне денес, но првиот ден беше одложен поради, како што соопштила управата, вонредни околности. Студентите во блокада се јасни:
„Испитниот рок не смее да се одржи, затоа што испитниот рок нема да се одржи на ниту еден факултет на Универзитетот во Нови Сад, па не може ниту Правниот факултет во Нови Сад да го организира.