Повеќе од 100 илегални мигранти уапсени во ноќен клуб во Колорадо, САД

Американската државна обвинителка Пам Бонди објави на платформата X (поранешен Твитер) дека ноќниот клуб бил познат по посетители поврзани со терористички групи како венецуеланската банда Tda и MS-13 од Ел Салвадор.

Американската Управа за борба против дрога (DEA) соопшти дека федералните агенции за спроведување на законот извршиле рација во ноќен клуб во Колорадо Спрингс, при што биле уапсени 114 мигранти кои нелегално престојувале во САД.

Според DEA, сите уапсени мигранти најверојатно ќе бидат депортирани од земјата.

Американската државна обвинителка Пам Бонди објави на платформата X (поранешен Твитер) дека ноќниот клуб бил познат по посетители поврзани со терористички групи како венецуеланската банда Tda и MS-13 од Ел Салвадор.

За време на рацијата биле запленети кокаин и метамфетамин, а две лица биле уапсени врз основа на распишани потерници.

Оваа рација се смета за една од најголемите по бројот на апсења откако американскиот претседател Доналд Трамп ја презеде функцијата на 20 јануари, пренесува Ројтерс.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни