Поранешен фудбалер на Арсенал обвинет за шверц на канабис вреден 600 илјади фунти

Професионалниот фудбалер Џеј Емануел-Томас бил отпуштен од неговиот тим откако бил обвинет за обид да прошверцува канабис вреден 600 илјади фунти преку аеродромот Станстед.
Фото: Ross Parker/SNS

33-годишниот напаѓач, кој играше за тимот Гренок Мортон во шкотското првенство, бил уапсен во средата. Поранешниот играч на Ливингстон, Абердин и Арсенал, бил задржан за испрашување од полицијата, по што бил пренесен во притвор.

Гренок Мортно објавија дека го раскинале неговиот договор и дека нема да коментираат додека не добијат повеќе детали.

Апсењето следува откако полицијата заплени канабис на аеродромот Станстед на 2 септември. Офицерите на граничните сили откриле околу 60 килограми дрога во два куфери, кои пристигнале на лет од Бангкок, Тајланд.

Две жени, на возраст од 28 и 32 години, биле уапсени и се појавиле во судот во Челмсфорд. Тие беа ослободени, но со услов да се појават пред судот во Челмсфорд на 1 октомври.

Емануел-Томас претходно играше за Џамшедпур ФК како прекуокеански играч во индиската Супер лига 2022-2023. Играше и за Ипсвич Таун, Бристол Сити, Квинс Парк Ренџерс и тајландскиот тим ПТТ Рајонг.

Како производ на Академијата на Арсенал, тој го потпиша својот прв професионален договор со тимот од северен Лондон во 2008 година, откако играше за нивниот младински тим од осумгодишна возраст, пред да се пресели во Ипсвич Таун во 2011 година.

Дејвид Филипс, висок истражен офицер: „НЦА продолжува да работи со партнери како што се Граничните сили за да ги таргетира оние кои се вклучени во шверцот на дрога – што ги вклучува и куририте и организаторите.“

„Би апелиравме до секој кому му се пристапува да се вклучи во каков било вид шверц да размисли многу внимателно за веројатните последици од нивните постапки и потенцијалните ризици кои ќе го променат животот што ќе ги преземат.“

Полицијата неодамна ги предупреди луѓето кои пристигнуваат во Обединетото Кралство од Тајланд, Канада и САД дека им се закануваат затворски казни доколку бидат фатени како се обидуваат да внесат канабис во земјата, по огромниот пораст на апсења.

Агенцијата вели дека количината на канабис запленета досега оваа година е повеќе од три пати поголема од онаа во 2023 година. Од полицијата, исто така, велат дека куририте за дрога честопати известувале дека нивните претпоставени им кажувале дека ризикуваат само парична казна доколку бидат фатени, а во реалноста максималната казна за шверц канабисот во Обединетото Кралство е 14 години зад решетки.

Извор:  Гардијан

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни