Ве пренесуваме во целост она што Полјаците тврдат дека е „на маса“:
- де факто признавање на руската контрола врз окупираните територии со замрзнување на статусот на тие области за период од 49 до 99 години, без формално правно признавање.
- укинување на поголемиот дел од санкциите воведени врз Русија и конечно враќање на рускиот гас и нафта на светските пазари
- „замрзнување“ на прашањето за окупираните територии за неколку децении, но без меѓународен правен легитимитет.
Она што не е во планот се гаранции за непоширување на НАТО, а САД, според тој предлог, ќе продолжат да даваат воена помош на Украина.
Сега чекаме на најавената средба меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговите цели за таа средба се да се запре убивањето на Украинците и да се воспостави прекин на огнот.
„Се сомневам дека Стив Виткоф (претставник на Трамп, оп.а.) или Јуриј Ушаков (советник на Путин, оп.а.) имале време да разговараат со овој портал. Вчера, за време на разговорот меѓу Виткоф и Путин, ништо слично не беше кажано, ниту Виткоф кажа нешто такво“, рече советникот на украинскиот претседател Дмитро Литвин и додаде:
„Виткоф зборуваше за други работи“.