Погодена голема рафинерија во Русија

Рафинеријата за нафтени производи Новошахтинск (АД НЗНП) е големо претпријатие за рафинирање на нафта во Ростовската област

Во градот Новошахтинск во руската Ростовска област, жителите пријавиле серија експлозии и голем пожар во локална рафинерија за нафта. Гувернерот на регионот потврди дека причина за експлозиите бил воздушен напад, пишува Украинска правда .

На социјалните мрежи се објавени фотографии и видеа на кои се гледа густ столб од чад над областа каде што се наоѓа централата.

„Како резултат на воздушниот напад, се случија експлозии во областа на градот Новошахтинск. Според првичните информации, нема жртви или повредени. Информациите се проверуваат. Службите за итни случаи се на лице место и е организирано гаснење на пожарот“, изјави гувернерот Јуриј Шљусар.

Рафинеријата за нафтени производи Новошахтинск (АД НЗНП) е големо претпријатие за рафинирање на нафта во Ростовската област, Русија. Фабриката е специјализирана за рафинирање на сурова нафта и производство на нафтени производи, вклучувајќи мазут, морски и дизел гориво и бензин. Таа е еден од најголемите добавувачи на нафтени производи во јужна Русија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни