Периодот на празниците носи радост на заедништво, но и зголемен ризик од ширење респираторни инфекции, како што е грипот. Лекарите предупредуваат дека токму сега, пред интензивирањето на сезонската активност на вирусот, треба да се преземат клучни превентивни мерки, пред се да се вакцинирате.
„Празниците се време за дружење и патувања, но и поголема изложеност на вируси поради честите контакти и собирања. Грипот не е краткотрајна болест и кај ризичните групи, како што се постарите лица, бремени жени и хронични болни, може да предизвика сериозни компликации како што се воспаление на белите дробови, влошување на хронични болести и смртен исход“, велат лекарите.
Според нив, токму сега е вистински момент за вакцинација, бидејќи вакцината треба најмалку две недели за да развие соодветна заштита.
„Иако моментално не бележиме значајно присуство на грип во амбулантите за прием, искуствата од јужната хемисфера укажуваат на можност за епидемија слична на ланската. Очекувањата се дека сезоната на грипата ќе започне со интензивирање во средината на декември, така што секое одложување ја намалува шансата за навремена заштита“, нагласуваат лекарите.
Зошто грипот е сериозна закана?
Грипот е тешка болест, особено опасна за мали деца, постари лица и хронични болни. Грип не е безопасна ни за млади и здрави лица – и тие можат да развијат сериозни компликации како што се миокардитис или менингитис, кои бараат итна медицинска помош.
„Вирусот на грипот го оштетува респираторниот епител на горниот и долниот респираторен систем, што создава услови за настанување на бактеријски компликации“, објаснуваат лекарите. Кај возрасните, најчеста бактеријска воспаление на белите дробови е предизвикана од пневмокок, додека кај децата, освен воспаление на белите дробови, често се јавуваат бактериски воспаленија на средното уво. Исто така, бактериска инфекција на параназалните синуси може да биде компликација од грип, а кај мал број пациенти, особено постарите, може да се развие бактеријски менингитис, повторно често предизвикан од пневмокок.
Покрај бактеријските компликации, грипот може да предизвика и примарни компликации кои настануваат од дејството на самиот вирус на грипот.
„Најчеста меѓу нив е вирусното воспаление на белите дробови, но вирусот на грипот може да предизвика и посериозни болести, како што се енцефалитис (воспаление на мозокот) или миокардитис (воспаление на срцевиот мускул)“, истакнуваат лекарите.
Грипот може да заврши со смртен исход
Кај децата често се јавува вирусен миозитис, односно воспаление на скелетните мускули, додека полесни невролошки компликации, како што се фебрилни конвулзии, не се реткост. Сепак, сериозни компликации, како што се енцефалопатија или енцефалитис, ретко се јавуваат. За хронични болни, висока температура и стрес предизвикани од грипот можат дополнително да го влошат основното здравствено состојба.
„Токму во текот на епидемијата на грип, се зголемува заестеноста на неинфективни компликации, како што се срцев или мозочен удар, особено кај постарите и исцрпени пациенти“, предупредуваат лекарите.
Сите овие компликации можат да бараат хоспитализација, примена на кислород и антимикробни лекови, а кај најранливите групи – постарите лица и имуносупресираните пациенти, грипата може да заврши со смртен исход.
„Затоа, од суштинска важност е да се препознае сериозноста на грипот и да се преземат соодветни превентивни мерки, како што е вакцинацијата, која може да спречи или значително да го ублажи текот на болеста“, додаваат лекарите
„Луѓето кои се вакцинираат имаат значително помала веројатност да развијат сериозни компликации“
Вакцинацијата против грип е најефикасниот начин за заштита од болеста и нејзините компликации. Иако ефикасноста на вакцината варира меѓу 40 и 70 проценти, заштитата од посериозни облици на болеста, хоспитализација и смртен исход е значително поголема. Точните податоци за бројот на смртни случаи поврзани со грипот се тешко да се утврдат, но стручњаците се согласуваат дека објавените бројки се значително пониски од реалните.
„Вакцинираните лица имаат значително помала веројатност да развијат сериозни компликации, да бидат хоспитализирани или да заболат“, објаснуваат лекарите.
Вакцинацијата исто така придонесува за колективна заштита, бидејќи го намалува циркулирањето на вирусот на грип во заедницата. Постарите лица и хроничните болни можат да постигнат најдобра достапна заштита ако, покрај вакцината против грип, се вакцинираат и против пневмококи – бактеријата која предизвикува најголем број секундарни компликации, како што се воспаление на белите дробови или менингитис.
„Сериозни несканеи ефекти на вакцината се исклучително ретки“
Што се однесува до безбедноста на вакцините, модерните вакцини против грип се исклучително безбедни.
„Несаканите ефекти се обично благи и привремени, како болка и црвенило на местото на апликација на вакцината, додека сериозните нежељени ефекти се исклучително ретки“, истакнуваат лекарите. Благи несакани ефекти можат да вклучуваат и блага температура, која ретко надминува 38 °C и обично не трае подолго од два дена.
Сериозните нсакани ефекти, како што е синдромот на Жиљан-Баре, се исклучително ретки – се јавуваат во помалку од еден случај на неколку стотици илјади дози.