Паника во Кремљ: Путин во страв од пуч и атентат

Според извештајот, актуелната ситуација во Кремљ најмногу личи на период на длабока недоверба и внатрешна тензија, каква што ретко се гледа во последните години.

Кремљ значително ги заострил безбедносните мерки околу рускиот претседател Владимир Путин, во услови на зголемени стравувања од внатрешна нестабилност, можен државен удар и закани по неговиот живот, пренесува извештај на европска разузнавачка служба објавен од Си-Ен-Ен.

Според документот до кој дојде СNN, под засилен надзор не се само движењата на Путин, туку и неговото најблиско опкружување, телохранители, готвачи и соработници. Дел од нив се ограничени да не користат јавен превоз, а комуникацијата во неговиот круг е дополнително рестриктивна, со забрана за паметни телефони со интернет.

Дополнително, секој што има пристап до претседателот мора да помине двојна безбедносна проверка, што значително ја успорува и онака строго контролирана рутина на рускиот лидер.

Извештајот наведува дека овие мерки се воведени по серија напади и убиства на високи воени лица, како и по растечките тензии во руската елита. Особено се посочува убиството на висок генерал во декември, по што, како што се тврди, дошло до сериозни конфликти меѓу безбедносните структури.

Кремљ, според наводите, дополнително го ограничил движењето на Путин, кој повеќе не посетува дел од воените и државни објекти, а неговите појавувања во јавност се поретки и често однапред снимени.

Истовремено, се тврди дека руската власт користи и бункерски локации надвор од Москва, додека дел од резиденциите остануваат речиси неискористени од безбедносни причини.

Европските аналитичари оценуваат дека ваквите потези укажуваат на зголемена недоверба во самиот врв на руската власт, особено во контекст на војната во Украина, економските проблеми и зачестените напади со дронови на руска територија. Во извештајот се споменува и поранешниот министер за одбрана Сергеј Шојгу како потенцијална фигура во внатрешните тензии, додека апсењето на негов поранешен заменик дополнително ги продлабочило сомнежите во безбедносниот апарат. Иако ваквите информации не можат целосно независно да се потврдат, тие отвораат прашања за стабилноста на руската елита и можните пукнатини во системот на моќ.

Кремљ засега не ги коментирал детално наводите, но претходно призна дека безбедносните мерки се засилени поради, како што наведуваат, „зголемени закани“. Путин, и покрај изолацијата, продолжува со ограничени јавни настапи, меѓу кои и средби со високи странски претставници, додека паралелно се одржува високо ниво на безбедносна контрола околу неговото движење.

Според извештајот, актуелната ситуација во Кремљ најмногу личи на период на длабока недоверба и внатрешна тензија, каква што ретко се гледа во последните години.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни