Повторно гори дивата депонијата меѓу Шуто Оризари и Визбегово

Известена е и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, а пожарникарски екипи се на терен и го гаснат огнот

Утрово повторно се разгоре пожарот помеѓу Шуто Оризари и Визбегово, а густ црн чад се забележува од повеќе места низ Скопје.

Од Центарот за  управување со  кризи информираат дека преку бројот 112 била добиена пријава за пожар на сува трева и оти истиот се проширува кон куќите, кај „Џиди Комерц“,  во Шуто Оризари.

Истовремено, известена е и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, а пожарникарски екипи се на терен и го гаснат огнот.

Во последните две три лета на оваа локација често има пожари кои тешко се гаснат и тлеат со денови постојано испуштајќи црн и опасен чад.

е-Трн да боцка во твојот инбокс