Ова се најдобрите автомобили избрани од жените

Стручно жири составено од 82 жени од 55 држави во светот кои по професија се новинарки кои пишуваат за автомобили, избра шест модели кои водеа битка за титулата ‘најдобар автомобил во светот во 2025 година’.

 Мини Купер автомобили

Панелот за женски светски автомобил на годината (WWCOTY), покрај категоријата ‘избор за најдобар автомобил’, воведе уште две нови награди и тоа наградата „Најдобра технологија“ и наградата „Sandy Myhre Award“ за брендот посветен најмногу на жените.

Од нашиот регион, ова жири вклучуваше активни новинарки од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.

Жирито на WWCOTY официјално ги објави победниците во вкупно осум категории за овогодинешните награди, а трката за главната награда започна со 80 модели на автомобили.

Сите беа поделени во шест категории во кои припаѓаат, а новинарките имаа задача да возат и да ги оценат новите модели од следните класи: Урбан модел (градски автомобил), Компактен теренец (градски теренец), Голем автомобил (седан), Голем SUV (голем SUV), 4×4 $ Pick-up (теренски возила и пик-ап) и Performance and Luxury Car (спортски и луксузни автомобили), пишува во соопштението.

Во битката за „најдобар“, сите 80 автомобили требаше да исполнуваат одредени критериуми, како на пример, дека моделите треба да бидат нови и да претставуваат нова генерација, а не редизајн и дека нивната продажба почнала на најмалку два континенти или, пак, во најмалку 40 земји.

Исто така, се нагласува дека овде не се избира „женски автомобил“ бидејќи таква категорија не постои, туку се земаат предвид безбедноста, квалитетот, цената, впечатоците од возењето, влијанието врз животната средина и други важни параметри за секој возач.

Жирито одлучи дека најдобри автомобили се:

Урбан модел: Mini Cooper, Compact

SUV: Kia EV3, голем автомобил: Audi A6 e-tron, голем SUV: Hyundai Santa Fe, 4×4 $ Пик-ап: Toyota Land Cruiser, перформанси и луксузен автомобил: Porsche Panamera.

Наградата BEST TECH ја доби BYD, а наградата Sandy Myhre за најпосветен бренд за жени отиде во рацете на Volvo.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни