Отворен е конкурсот за Климатскиот форум на младите од Западен Балкан 2024

Европската коалиција на невладини организации Climate Action Network (CAN) Europe ги повикува младите од Западен Балкан да се пријават на Климатскиот форум на младите од Западен Балкан 2024. Програмата е осмислена за учесници на возраст од 18 до 30 години, кои се заинтересирани да го збогатат своето знаење за климатските и енергетските теми на Западен Балкан. Споменатата коалиција има 200 членки активни во 40 европски земји и претставува повеќе од 1.700 невладини организации.

Климатскиот форум на младите од Западен Балкан 2024, би требало да собере тимови од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Срција и Црна Гора, со цел да ги истражат најважните теми во врска со климатските промени, енергетиката, климатската дипломатија и климатските преговори. Рокот за испраќање на пријавите е 20-ти септември. Програмата исто така ќе се занимава и со растечкиот проблем на дезинформации, нивното влијание врз процесите на донесување одлуки, како и на обликувањето на јавното мислење за климатските и енергетските политики. За да се поттикне сеопфатен пристап на овие теми, Форумот ќе се состои од четири различни фази:

  • Изградба на капацитети (онлајн – 2-3. октомври);
  • I фаза на натпреварувањето: Собирање информации (3-30. октомври);
  • Натпреварување: Претставување на трудовите (онлајн – 31. октомври);
  • Запознавање во живо (Студиско патување во Виена – втора половина на ноември).

Повеќе информации на следниот ЛИНК. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни