Основното јавно обвинителство во Белград отвара случај за нападот врз студентите на Правниот факултет

Како што соопштија од ОЈТ, обвинителот наредил да се набави и медицинската документација за повредите со кои се здобиле оштетените

Јавниот обвинител на Првото основно јавно обвинителство во Белград и нареди на полицијата да го утврди идентитетот на сите учесници на настанот со кои е потребно да се разговара, во врска со нападот врз студентите на Правниот факултет на Универзитетот во Белград, кој се случи во текот на ноќта помеѓу 13 и 14 јануари.

Како што соопштија од ОЈТ, обвинителот наредил да се набави и медицинската документација за повредите со кои се здобиле оштетените, како и да се набават снимки од камерите за видео надзор лоцирани во внатрешноста на зградата на факултетот, платото пред факултетот, околните улици, како и други податоци неопходни за расветлување на споменатиот настан.

„По собирањето на сите потребни информации, јавниот обвинител ќе оцени дали се реализираат елементите на кривично дело од надлежност на основното или повисокото јавно обвинителство, од што ќе зависи од понатамошното постапување“, велат од обвинителството.

Да потсетиме, рано утринава беа нападнати седум студенти на Правниот факултет.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни