Омнибустопија 5 – делумно во знак на ремиксот

Омнибустопија слави полујубилеј! Програмата на нејзиното петто претставување ќе биде делумно во знакот на ремикс уметностите. По три години, повторно, дел од настаните ќе се реализираат во автобус. Ќе имате можност да проследите ексклузивни концерти, изложба, разговори и работилници. Организатор на оваа програма е невладината организација Аксиома.

ГЛАВНА ПРОГРАМА

28 септември, четврток:
Автобус на ЈСП, фонтана на Градски парк | 20:00

– Концерт на Драган Теодосиев трио (Благојче Томевски – кларинет; Стефан Миладинов – електрична гитара; Драган Теодосиев – тапани)
– Разговор на Јордан Шишовски и Мариглен Демири

29 септември, петок:
Јавна соба | 20:00

– Групна изложба на колективот Matrijaršija од Белград
– Концерт на Crno dete (Damjan Brkić – електрична гитара; Milan Bukejlović – тапани; Tomislav Marjanović – саксофон)
– Концерт на Sethstat (Васко Бојаџиски – саксофон; Владан Дробицки – тромбон; Панче Бујуклиев – синтисајзери; Павел Дробицки – бас гитара; Гоце Наумов – тапани)

Предпрограма

26 и 27 септември, вторник и среда:
Просториите на „Партизанска штампа“ | 15:00 – 19:00

– Работилница на тема ресоздавање/редизајн на постери на филмови и корици на музички албуми. Работилницата ќе ја водат Билјана Димитрова и Милош Стојановиќ од „Партизанска штампа“.

25 и 26 септември, понеделник и вторник:
Кинотека на Македонија | 16:00 – 20:00

– Работилница за реимагинација на македонска и светска филмска музика. Работилницата ќе ја води реномираниот македонски џез музичар Јордан Костов.

(За работилниците може да се пријавувате на aksiomango@gmail.com или со порака на Фејсбук профилот на Аксиома.)

26 септември, вторник:
Буква | 21:00

– Јордан Костов ад-хок бенд (концерт кој ќе произлезе од учесниците во работилницата за реимагинација на филмска музика)

Од „Аксиома“ најавуваат дека сите настани се бесплатни, освен концертите на Crno dete и Sethstat, за кои ќе се наплаќа билет од 300 денари (до 28 септември, а на денот на концертот, билетот ќе чини 400 денари): https://bileti.mk/e/omnibustopija.

Настанот е поддржан од Министерството за култура на Република С. Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни