Search

Од Скопје

“Во последно време се чувствувам како куче, кое кога сум одморен, може да одлучи дали ќе лае или нема да лае. А можеби треба да бидам едноставно благодарен за привилегијата да можам да бидам одморен. Многумина во светот го немаат тој луксуз.

Кога би бил куче, би се викал Џеки. Џеки е старо скопско име за куче, од времето кога кучињата овде се чуваа врзани по дворови и се ранеа со помија, а тревниците покрај центарските тротоари не беа вака елегантно послани со (простете) гомна како денес.“

“Во Скопје е прогласена епидемија од Голема кашлица. Регистрирани се 34 заболени од Пертусис во целата земја“.

“Рака на срце, Скопје отсекогаш бил помалку грд град. Редовно знае да потфрли со архитектура, дезорганизација, хигиена… Дајте му тастатура во рака на некое дежурно хејтерче и ќе ве однесе на силно фрустрирачка турнеја низ “нема нишо у градов срање е браат”….”Скопје брат тешки опинци те газат” и така натака. Но ајде да ги оставиме комплексите на комплексашите и да бидеме реални: Скопје не го чинат зградите, ниту мостовите (да, ниту Камениот мост), ниту ретардираната турбо-опинок екипа, ниту локалните политички слуги на новиот светски поредок. Скопје го чини духот на неговата младост. Ентузијазмот на неговите деца гладни за култура, напнато креативни, арогантни во својот музички став и желни за компетиција со сјајните имиња на извиканите светски градови. Една од најголемите привилегии на мојата професија е да ги среќавам токму најдобрите деца од градовите каде патувам, но најдрагоцени ми се секако средбите со најфините скопски деца. Тие средби ми го исполнуваат срцето и ме потсеќаат на поентата на моето постоење. Деновиве имав средба со некои нови супер скопски деца….“

“Скопје доживеа невидена катастрофа, но Скопје повторно ќе го изградиме. Со помошта на целата наша заедница, тоа ќе стане гордост и симбол на братството и единството, на југословенската и светската солидарност.“

“Скопје не е филм, тоа не ѐ трилер во кој го насетуваме главниот настан. Тоа е концентрат на човековата борба со природата, но и резултат што вдахновува за нова борба, а не за прифаќање порази.“

“Сакам да ми направите споменик у Центар и зад него да ставите банкомат на Стопанска банка, а пред мене барок сендвичара“.

“Бате кае културниот дом? Ај бе не се лигави бе, тука нема некултурни. А ти од дек си бе? Шо те боле куро од дек сам бе?“ …

“Јели момак, да те питам, где свирају они Бон Репос? Во културен дом бе бате. А где је то културен дом? Вии сеа, овако: идеш право, па кај т’ва ќоо’што ќе завртеш на лево… Е… има једну горнину, па ќе идеш горе, па завртеш па на лево… кроз горнину… кроз горнину има једна продавница, идеш право па па лево и една гулема зграда, бела. Тоа е културен дом бе бате. Брао! Алалдатие! Фала пуно дечко! Живели, видимо се.“

Најново

Последни колумни