Акцискиот трилер „Flight Risk“, кој го режираше и продуцираше оскаровецот Мел Гибсон, премиерно беше прикажан пред неколку дена. Иако многумина се надеваа на возбудлив проект сооглед на кариерата на Гибсон, филмот беше дочекаан со негативни критики.
Сценариото за филмот го напиша Џеред Розенберг, а главните улоги ги толкуваат Марк Волберг, Мишел Докери и Тофер Грејс. Приказната ја следи агентката на FBI, Докери, која е задолжена да го придружува клучниот сведок на судење против познатиот мафијашки бос.
Меѓутоа, за време на летот, агентката и сведокот откриваат дека нивниот пилот Волберг всушност е платен убиец, кој треба да го елиминира сведокот. По успешниот обид да го надмудрат пилотот, откриваат дека не се единствените кои сакаат нивната смрт.
Филмот е направен во соработка со продукциските куќи Lionsgate, Icon Productions и Davis Entertainment Company.
На популарната филмска страница Rotten Tomatoes, „Flight Risk“ моментално има само 20% позитивни рецензии од професионалните критичари, додека меѓу публиката е забележан нешто подобар резултат, со 61% позитивни мислења. Сепак, многумина веќе го сметаат за еден од најголемите промашувања во кариерата на Гибсон, пишува Klix.ba.
Критичарите се сложиле во оценката дека филмот не ги исполнил очекувањата. Џек Мартин за порталот Film Feeder изјавил дека „Flight Risk“ веројатно би поминал незабележано ако зад камерата не стоеле познати лица, додека Рајан Скот од Slash Film го оцени филмот како „првиот ужасен“ во режисерската кариера на Гибсон.
Џозеф Томастик за Loud and Clear Reviews исто така немал пофални зборови, велејќи дека едвај чекал крај на филмот и додава дека би било поинтересно ако авионот се срушел, бидејќи тогаш дејствието би станало попретенциозно.
И покрај лошите критики, реакциите на гледачите биле поделени. Додека некои на Rotten Tomatoes изразиле разочарување и го оцениле филмот како еден од најлошите што ги виделе, други уживале во акционите сцени и хуморот што филмот го понудил.