Во новата епизода на РеТрн ни гостува Теодора Цветковска – новинарка која успеа да најде сосема свој, оригинален концепт: преку лежење да сподели став, критика и остроумно мислење за општествените случувања околу нас.
Критиката ѝ е силната страна – и за среќа, ја користи паметно, точно и бескомпромисно.
Теодора е новинарка со долгогодишно искуство, работела во различни редакции, формати и дури водела подкаст. Во оваа епизода, таа искрено одговара на нашите прашања – без филтер, без глумење, баш Теодора-стил.
Во интервјуто дознаваме:
• Колку е тешко да се искритикува едно општество?
• „Лежи лебу да те јадам“ – што всушност значи ова?
• Доколку не беше новинарка, што би работела?
• Што е тоа што најмногу го сака во Скопје?
• А ако Драчево беше песна – кое име би го носела?
• ТВ или интернет – каде е иднината на новинарството?
• Колку критиката знае да ги „помрдне“ луѓето што те следат?
• Кој ѝ е омилен политичар – и кој ѝ е омилен политичар за критика?
Подгответе се за искрено, духовито и сосема реално интервју.
Теодора Цветковска во РеТрн – гледајте ја новата епизода!
