„Нови хоризонти“ на 26 февруари во Македонска филхармонија

Диригент Емил Табаков од Бугарија, а солист ќе биде пијанистот Алим Беисембајев од Казхстан

Во четврток, на 26 февруари, со почеток во 20:00 часот, во Концертната сала на Македонска филхармонија ќе се одржи концертот „Нови хоризонти“, најавен во редовната програма на институцијата.

Со оркестарот ќе диригира Емил Табаков од Бугарија, а како солист ќе настапи пијанистот Алим Беисембајев од Казахстан.

На програмата е Концертот за пијано и оркестар бр. 1 во бе-мол, оп. 23 од Петар Илич Чајковски, едно од најизведуваните дела од романтичниот репертоар. Во вториот дел од концертот ќе биде изведена Свита бр. 2 од балетот „Ромео и Јулија“ од Сергеј Прокофјев.

Концертот е дел од тековната концертна сезона на Македонската филхармонија.

Според информациите објавени на официјалната страница на институцијата, билети за концертот се достапни преку продажната мрежа на Филхармонијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни