Блискиот Исток влегува во нова фаза на драматична ескалација откако Израел започна нов бран воздушни напади врз Техеран, додека Иран возврати со ракетни удари кон Израел и кон земјите од Персискиот Залив. Во меѓувреме, Ормутскиот Теснец е затворен, што дополнително ја зголемува глобалната економска и безбедносна неизвесност.
Иранскиот врховен лидер, беше убиен во израелско-американски напад врз Иран, според официјални извори од Вашингтон. Белата куќа тврди дека во операцијата загинале вкупно 49 ирански функционери.
Нови напади врз Техеран
Израелските одбранбени сили (IDF) соопштија дека започнале нова серија напади врз Техеран, откако претходно беше издадено предупредување за евакуација на одредени делови од градот. Израел нагласи дека кампањата ќе продолжи „до исполнување на целите“.
Во исто време, системите за противракетна одбрана пресретнаа нови ирански проектили, а на граѓаните им беше наредено да побараат засолниште.
САД: „Превентивен“ напад
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека САД извршиле „превентивен“ напад врз Иран со цел заштита на своите сили во регионот.
Според американски извори, погодени се повеќе од 1.250 цели во Иран. Бројот на загинати американски војници се искачи на шест.
Стејт департментот ги повика американските државјани да напуштат повеќе земји од Блискиот Исток поради зголемениот безбедносен ризик.
Затворен Ормутскиот Теснец
Во меѓувреме, Иран најави затворање на Ормутскиот Теснец – една од најважните светски поморски рути за транспорт на нафта. Овој потег може да има сериозни последици врз глобалните пазари на енергенси и дополнително да ја продлабочи кризата.
Регионални и глобални реакции
Украинскиот претседател Волдомир Зеленски изјави дека е подготвен да испрати украински експерти за ирански дронови на Блискиот Исток, но под услов Русија да прифати едномесечно примирје во Украина.
Ситуацијата останува исклучително тензична, а Израел и САД порачуваат дека операциите нема да запрат сè додека заканата не биде целосно отстранета. Регионот, пак, се соочува со ризик од поширок конфликт со непредвидливи последици.