Мачадо отпатувала во Норвешка и покрај десетгодишната забрана за патување што ѝ ја наметнаа властите во Венецуела и по повеќе од една година помината во криење, но не успеала да пристигне на официјалната церемонија на доделување на Нобеловата награда, која се одржа во средата.
Лекарите кои ја прегледале во Осло ѝ дијагностицирале скршеница на пршлен, објави норвешкиот дневен весник „Афтенпостен“, повикувајќи се на анонимни извори. Според весникот, повредата настанала за време на патувањето со брод, во услови на лошо време.
Портпаролот на нобеловката за агенцијата Ројтерс изјави дека написот на „Афтенпостен“ е точен, но одби да изнесе дополнителни детали за нејзствената здравствена состојба.
Според информации на Ројтерс, Мачадо на почетокот на минатата недела ја напуштила Венецуела и со брод заминала кон карипскиот остров Курасао, од каде со приватен авион, преку Соединетите Американски Држави, отпатувала во Норвешка.
Мачадо изјави дека планира да се врати во Венецуела и дека нејзината цел е да постигне мирна транзиција на власта од претседателот Николас Мадуро.
Извор: N1info.rs
