Француски суд донесе несекојдневна одлука сопственичка на маче по име Реми од местото Агд на југот на земјата мора да плати 1.250 евра казна бидејќи нејзиниот миленик редовно навлегувал во дворот на соседот, објави весникот Paris Match.
Жената, идентификувана само како Доминик, била изненадена кога добила писмена пресуда со образложение дека нејзиниот мачор предизвикал штета во соседниот имот. Соседот се пожалил дека мачето оставило отпечатоци од шепи на свеж малтер и дури извршило „мала нужда“ на ќебе во дворот.
Судот во Безје пресудил во корист на соседот, наредувајќи ѝ на Доминик да плати одштета и дополнителна казна од 30 евра секојпат кога Реми повторно ќе ја прескокне оградата.
Сопственичката наскоро ќе мора повторно пред суд, бидејќи се претпоставува дека Реми повторно го сторил прекршокот, што може да ѝ донесе нова казна до 2.000 евра, плус дополнителни 150 евра за повторени „скокови“.
Извор: N1info.rs