Нема повредени во автобусот полн со деца, што се преврте во Црна Гора

Снежната бура која го зафати северот на Црна Гора, предизвика потешкотии и во сообраќајот на територијата на Црна Гора.

Поради голомразица, на патот Паљух – Гусаре, во околината на Петњица, се случи сообраќајна несреќа кога возач на автобус кој превезувал ученици изгубил контрола над возилото и излетал од патот, превртувајќи се на покривот. Среќа е што во инцидентот нема повредени.

Единствена штета е направена само врз возилото. Во Црна Гора целата механизација беше распоредена на патиштата низ земјата за да се овозможи проток на сообраќајот, особено на патиштата од прв приоритет, главниот пат и автопатот кои екипите на терен успеаа да ги исчистат.

Најмногу снег падна во региони како Колашин и Жабљак, каде што нови снежни наноси достигнаа над половина метар.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни