Група меѓународни научници објавија дека пронашле нови докази која потврдува дека сложениот живот на Земјата можеби започнал 1,5 милијарди години порано од што се мислело.
Тимот кој работи во Габон открил докази кои покажуваат дека имало услови за живот на едноклеточни животни пред две милијарди и сто милиони години, пренесува Би-Би-Си.
Научниците во Франсвил, Габон, го проучувале хемискиот состав на карпата на која е откриена формацијата, која до сега не е со сигурност утврдено дали е фосил и откриле дека условите за живот постоеле непосредно пред појавата на формацијата, бидејќи утврдиле високи нивоа на кислород и фосфор како резултат на судир на две континентални плочи под вода, што довело до создавање на вулканска активност.
Резултатите се објавени во магазинот Precambrian Research и научниците наведуваат дека тие организми не се ширеле глобално и на крајот изумреле.
Овие идеи претставуваат отстапки од конвенционалното научно мислење, бидејќи повеќето експерти веруваат оти животот започнал пред околу 635 милиони години, пишува Би-Би-Си.
Најновите истражување придонесуваат кон актуелната дебата за тоа дали до сега необјасните формации пронајдени во Франсвил во Габон се фосили. Професорот Ернест Чи Фру од Универзитетот во Кардиф во Велс во Велика Британија, кој работел со меѓународниот тим на научници, вели дека ако неговата теорија е точна, тогаш тие облици на живот биле едноклеточни организми кои се размножувале со помош на спори.
Чи Фру вели дека неговата работа помогнала да се докаже идејата дека процесите кои создаваат живот на Земјата, бидејќи во Габон на карпата се пронајдени фосили.
Од друга страна, професорот Грејам Шилдс од Универзитетскиот колеџ во Лондон, кој не бил вклучен во истражувањето, вели дека има резерви кон овие истражувања, истакнувајќи дека се потребни повеќе докази.
Извор: Б92