Две лица загинаа во напад со дрон во Одеса

Две лица загинаа, а три се повредени во руски напад со дронови врз Одеската област. Погодени се индустриски и енергетски објекти.

Во напад со руски дронови врз Одеската област загинаа две лица, а три се повредени, соопшти началникот на регионалната воена управа Олег Кипер.

Според него, областа повторно била нападната во текот на ноќта со ударни дронови. Погодени се индустриски, енергетски и објекти на цивилната инфраструктура, пренесува Украинформ.

Пожарите што избувнале биле брзо изгасени од спасувачките служби, а на терен се ангажирани итната помош и комуналните служби за расчистување на последиците.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни