Најмалку 926 загинати во нападите врз Иран, меѓу жртвите и деца

Иранското Министерство за здравство соопшти дека најмалку 926 луѓе загинале, а повеќе од 6.000 се повредени во нападите на САД и Израел врз земјата од 28 февруари.

Најмалку 926 лица загинале во заедничките напади на САД врз Иран од 28 февруари наваму, соопшти иранското Министерство за здравство, пренесува Anadolu Agency.

Портпаролот на министерството, изјави дека 6.186 лица се повредени во нападите извршени меѓу саботата и средата до 17 часот по локално време.

Во објава на платформата X, Керманпур наведе дека 2.054 повредени се на болничко лекување, додека 3.545 лица се отпуштени по укажана медицинска помош. Уште 552 лица биле третирани на самото место, а досега се извршени 502 хируршки операции.

Меѓу жртвите и едногодишно дете

Според податоците на министерството, 13 проценти од загинатите се жени, додека 87 проценти се мажи.

Меѓу жртвите има и 180 малолетници под 18 години, вклучувајќи три деца помлади од пет години. Најмладата жртва е едногодишно дете од Техеран.

Меѓу повредените има 301 малолетник, од кои 39 се деца помлади од пет години. Најмладиот повреден е шестмесечно бебе, а најстарата повредена личност има 91 година.

Иран возвраќа со напади

Израел и Сад продолжуваат со масовни напади врз Иран од саботата, во кои, според ирански извори, загинале стотици луѓе, меѓу нив и иранскиот врховен лидер Ali Khamenei, како и високи воени функционери.

Во меѓувреме, Iran возвраќа со ракетни и дронски напади, таргетирајќи цели во Israel и во неколку земји од Персискиот Залив каде се наоѓаат американски воени бази.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни