Смртта на папата Франциск и натаму е водечка светска вест, како и подготовките за неговиот погреб. Десетици илјади луѓе од целиот свет чекаат да се простат од него во базиликата Свети Петар, каде што неговото тело ќе биде изложено за време на тридневна жалост. Погребот ќе се одржи во сабота.
Телото на папата Франциско вчера беше пренесено од капелата Света Марта во базиликата Свети Петар каде верниците со часови чекаат во ред за да можат накратко да го видат починатиот поглавар на Римокатоличката црква. Има и туристи за кои ова е повеќе доживување отколку религиозно искуство.
Во Ватикан и околината засилена е безбедноста. Се очекува околу 200.000 луѓе да присуствуваат на церемонијата на погребот во сабота наутро. На улиците има голем број карабињери и припадници на италијанската војска, што и не е изненадување, бидејќи на погребот ќе присуствуваат и многу светски лидери.
А светот веќе се фокусира на изборот на нов папа. Планетата е запознаена со овој чин преку филмот Конклава, кој неодамна ја освои наградата Оскар за најдобро адаптирано сценарио.
Сценариото што веројатно ни самиот режисер не го очекувал е тоа што гледаноста на стриминг платформите скокнала за речиси 300% по смртта на папата.