Најмалку три загинати во руско бомбардирање на Запорожје

Најмалку три лица загинаа, а две се повредени, од кои едно е во тешка состојба, во руско бомбардирање на градот Запорожје во јужна Украина, соопштија денеска локалните власти.


Според објава на градоначалникот Иван Федоров на Телеграм, нападот се случил доцна во ноќта, при што се уништени и неколку објекти.

Во одвоени руски напади ноќеска, по едно лице е повредено во Киев и во градот Суми, пренесуваат украинските извори.

Од руската страна, властите објавија дека тројца загинале, а 16 се повредени на Крим, во украински напад со беспилотни летала.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни