Зошто мозокот се чувствува „заморено“ по користење на социјални мрежи – и како да го вратите фокусот

Научниците предупредуваат: постојаното проверување на социјалните мрежи не е само губење време, туку вистински напад врз когнитивниот систем. Еве зошто мозокот се исцрпува – и како може да ја поврати својата концентрација.

Сите го знаеме тој момент – затвораш апликација по половина час безмислено проверување на социјалните мрежи и чувствуваш дека си исцрпен, расеан и празен. Иако не си трчал маратони ниту решавал сложени задачи, твојот мозок е заморен како по тешка ментална работа.

Научниците сè почесто го објаснуваат овој феномен како „дигитален когнитивен замор“ – состојба во која вниманието, концентрацијата и меморијата се исцрпуваат поради прекумерен број визуелни и аудитивни стимулации кои доаѓаат од социјалните мрежи.

Секоја нотификација, лајк или нова објава го активира допаминскиот систем, истиот оној што се поврзува со чувството на награда. Тоа нè тера повторно да ја провериме апликацијата, создавајќи мини циклус на зависност. Но, со секој нов стимул, мозокот мора да пренасочи внимание, што значи дека се „троши“ енергија со секој скрол.

„Мозокот не е создаден да обработува толку многу информации со толкава брзина,“ вели невропсихологот д-р Ева Мартинес од Универзитетот во Барселона. „Постојаното скокање од една тема во друга – рецепти, вести, реклами – предизвикува фрагментација на вниманието. Најлошото е што тоа го правиме неколкупати на ден.“

Истражување на Frontiers in Psychology покажува дека поминување повеќе од 2 часа дневно на социјални мрежи е поврзано со поголем ризик од анксиозност, нарушен сон и потешкотии со одржување фокус. Во суштина, мозокот се обидува да се заштити – се исклучува.

Но, добрата вест е дека можеме да ја обновиме концентрацијата ако воведеме неколку едноставни навики. пред се, дигитална пауза на секои 90 минути. Истражувањата покажуваат дека краток прекин (и само 10 минути без екран) го „ресетира“ вниманието. Потоа,се препорачува да ги ограничете нотификациите. Намалете ги аудио сигналите и визуелните предупредувања кои го прекинуваат фокусот.

Излезете надвор. Природната светлина и свежиот воздух го стабилизираат нивото на кортизол и го подобруваат менталниот капацитет. Заменете го утринското гледање на социјални мрежи е со физичко движење или пишување дневник. Овој момент на свесност му помага на мозокот да постави „чисто платно“ за остатокот од денот.

Мозокот, како и мускулите, има граница. Ако го преоптовариме со информации, губи флексибилност, брзина и креативност. Но кога му дозволуваме да одмори, повторно станува јасен, активен и интуитивен – како да се враќа во својот природен ритам.

Понекогаш, најдобриот начин да го фокусирате умот е да го оставите телефонот настрана.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни