МНР: Македонските граѓани веднаш да го напуштат Иран

Македонските граѓани кои се наоѓаат во Иран, да ја напуштат државата во прва можна и безбедна прилика, соопштуваат од МНР

Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран апелираме до македонските граѓани кои се наоѓаат во Иран, да ја напуштат државата во прва можна и безбедна прилика, соопштуваат од Министерстово за надворешни работи на Македонија.

Оттаму, додаваат дека се препорачува и одложување на сите патувања кон Иран кои не се неопходни.

„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија стои на располагање за асистенција преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk, како и преку дежурниот телефон на ДКП на Република Северна Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10“ стои во соопштението од МНР.

Во Иран повеќе од две недела траат насилни протести проследени со режимско насилство каде веќе има над 600 загинати лица

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни