МЕД и „Ехо“ имаат долга историја на заеднички интереси – планинарењето и истражувањето на природата. Нивните патишта првпат се вкрстиле уште во 2012 година, а со денешниот договор таа соработка станува официјална и структурирана. Целта е заеднички активности што ќе ја подигнат свеста за зачувување на природните богатства и ќе инспирираат уште повеќе љубители на планините и дивината.
Двете организации најавуваат низа идни проекти и иницијативи кои ќе ги поврзат екологијата, авантуризмот и културата, а љубителите на природата можат да очекуваат возбудливи активности.