Макрон за Le Figaro: Препорачуваме едномесечно примирје во Украина

Макрон изјави дека Франција и другите европски земји треба повеќе да издвојуваат за одбрана. За Figaro, тој изјави дека тоа може да значи помеѓу 3 и 3,5 проценти од БДП. Исто така, рече, Европската комисија треба да биде поблиску до иновациите во финансирањето на одбраната.

Франција и Велика Британија предлагаат едномесечно примирје во Украина „во воздухот, на морето и во енергетската инфраструктура”, изјави францускиот претседател Емануел Макрон за весникот Figaro.

Британскиот премиер Киер Стармер најави вчера пред состанокот за Украина во Лондон дека Париз и Лондон работат на „план” за прекин на борбите.

Примирјето првично, како што објасни Макрон, не би се однесувало на борбите на копно, бидејќи „би било многу тешко да се контролира прекин на огнот” поради огромното бојно поле, кое е еднакво по површина на растојанието помеѓу Париз и Будимпешта.

„Во неделите што следат, на украинската територија нема да има европски сили”, изјави Макрон за Figaro. „Прашањето е како да го искористиме тоа време и да се обидеме да постигнеме остварливо примирје, преку преговори што ќе траат неколку недели, а потоа, кога ќе биде потпишан мир, и распоредување сили”, додаде тој.

“Сакаме мир, но не по секоја цена и без гаранции”, изјави францускиот претседател.

Париз и Лондон за своите сили, кои евентуално би биле испратени во Украина по потпишувањето на мировниот договор, се обидуваат да обезбедат американска заштита во форма на гаранција за безбедност која САД би ја дале на Киев.

Според француски официјални лица, Париз и Лондон се обидуваат да воспостават нов дијалог помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, по нивниот конфликт во петокот во Овалната канцеларија во Белата куќа.

Макрон изјави дека Франција и другите европски земји треба повеќе да издвојуваат за одбрана. За Figaro, тој изјави дека тоа може да значи помеѓу 3 и 3,5 проценти од БДП. Исто така, рече, Европската комисија треба да биде поблиску до иновациите во финансирањето на одбраната.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни