Макрон: По 2027 година се повлекувам од политиката засекогаш

Францускиот претседател за време на посетата на Кипар изјави дека по истекот на мандатот нема да се врати во политиката и се осврна на најтешките моменти од деветгодишното владеење

Францускиот претседател вчера изјави дека нема да се занимава со политика откако во 2027 година ќе ја напушти Елисејската палата, по одслужувањето на два мандата, односно временскиот период што е максимално дозволен.

„Не се занимавав со политика пред претседателството и нема да се занимавам со неа ни потоа”, рече Емануел Макрон за време на разговор со студенти во грчко-кипарската администрација, пренесува Index.hr.

Макрон се осврна и на предизвиците на својот последен мандат. „Најтешко е по девет години тоа што мора да го задржите она што сте го работеле добро и да се обидете да одите понатаму, но понекогаш мора да се вратите на работите кои не сте ги работеле добро”, рече тој.

Додаде дека усогласувањето на постигнатото со незавршените реформи бил најтешкиот дел од неговиот последен мандат.

По повод неформалниот состанок на Европскиот совет во четврток и петок, Макрон патувал во Никозија, каде што го примил Никос Христодулидес, челник на грчко-кипарската администрација, која во моментов претседава со Европската унија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни