Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднела кривична пријава против Х.М. (19) од село Селокуќи и И.К. (28) од Дебар, поради сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Според полициските информации, првопријавената, поттикната од второпријавениот, во периодот од 10.03.2026 до 12.03.2026 година, преку социјална мрежа и профил кој бил управуван од второпријавениот, лажно прикажувала дека собира донации за операција, односно лекување на наводно болно дете од Дебар.
На овој начин, осомничената успеала да доведе во заблуда повеќе лица и да се стекне со противправна имотна корист во вкупен износ од околу 3.200 евра и 6.000 денари.
Полицијата нагласува дека случајот е дел од поширокиот проблем со злоупотреба на хуманитарни акции преку социјални мрежи, каде граѓаните често донираат без доволна проверка на информациите.
Институциите апелираат дека донации треба да се упатуваат исклучиво преку проверени организации и официјални сметки, со цел да се избегнат измами и злоупотреби на хуманостa.