Според Договорот за системот за тргување со емисии на Европската унија (eng EU ETS договор), сите авиокомпании кои работат во Европа, без разлика дали се европски или не, се обврзани да ги следат, да известуваат, а исто така да ги потврдат своите емисии и да поднесат дозволи за емисии.
Како што претходно објавија светските медиуми, авиокомпаниите биле поделени во однос на новите правила на Европската унија за следење на емисиите различни од CO2.
За појаснување, емисиите кои не се CO2, односно терминот non-CO2, се однесува на оние гасови и честички што ги емитираат авионите кои не се јаглерод диоксид. Ова вклучува, на пример, сулфур диоксид и азотен оксид (NOx), кои придонесуваат за формирање на озон во атмосферата и кондензација. Според информациите објавени на веб-страницата Транспорт и животна средина, Европската агенција за воздухопловна безбедност во извештајот за 2020 година истакна дека ефектите кои не се CO2 може да имаат до три пати посилни негативни влијанија од емисиите на CO2.
Земајќи го предвид ова, Транспорт и животна средина извести дека Европската комисија, поради притисокот од традиционалните авиокомпании, ги исклучила летовите на долги релации од договорот постигнат со Спогодбата за ЕУ ЕТС. Тоа значи дека на таквите летови нема да се следат емисиите на не-CO2 од авионот. Поточно, нема да добиеме целосна слика за тоа колку емисиите на авионите навистина придонесуваат за климатските промени, имајќи предвид дека на овој начин ќе бидат исклучени околу 67 проценти од овие емисии.
Според првичниот договор, сите летови со шема за следење на емисиите без CO2 требаше да започнат од јануари 2025 година, но со новата одлука споменатите летови ќе бидат исклучени од овој датум. Почетокот на следењето на овие емисии од долгите летови ќе започне дури за две години.
Транспорт и животна средина, ја повика Европската комисија да ја промени својата одлука за исклучување на летовите на долги релации, бидејќи тоа е спротивно на Договорот на ЕУ ЕТС и затоа што таквото одложување ќе има повеќекратни негативни последици.
Фото: pexels
Извор: Energetski portal