Австриската радиодифузна корпорација (ОРФ) денеска соопшти дека комбе во кое се превезувале австриски и шпански новинари било нападнато со дрон во близина на фронтот во источна Украина.
Во возилото се наоѓал и дописникот на ОРФ, Кристијан Вершиц.
„Дрон нè погоди, но за среќа сите сме добро“, напиша Вершиц на Инстаграм, каде што објави видео снимка од инцидентот направена со неговиот мобилен телефон.
Според ОРФ, нападот се случил во областа Доњецк, додека новинарите со хуманитарната организација „Пролиска“ патувале кон градот Костјантиновка.
На видеото се гледа како патниците бегаат од возилото, по што се слуша експлозија, а потоа се забележуваат опожарени остатоци и чад.