Киев и Москва си ја префрлија вината едни на други откако во неделата вечерта изби пожар во зградата за ладење на нуклеарната централа Запорожје, која е окупирана од руските сили. Инсталираните функционери од Москва во електраната изјавија дека пожарот бил целосно изгасен.
Украина, Русија и Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) рекоа дека нема забележано зголемување на радијацијата или некакво влијане за нуклеарната безбедност.
Владимир Рогов, кој е еден од функционерите во електраната по нејзиното окопирање од руските сили вели дека пожарот бил целосно изгасен до утрово. Тој и Јевгениј Балитски, гувернерот на регионот Запорожје, назначен од Москва, ги објавинија украинските сили за инциндентот.
Од друга страна, украинскиот претседател Володомир Зеленски објави дека руските окупаторски сили го започнале пожарот во електраната, во обид да се уценува Киев.
„Во моментов нивото на радијација е во нормаланата“ објави Зеленски, слично како и во информациите испратени од Балитски.
Од Меѓународната агенција за атомска енергија исто така уверуваат дека пожарот не предизвикал оштетувања и нема нуклеарна опасност.
„Експерти на МААЕ ги видоа силниот темен чак од северниот дел на електраната откако се слушнаа бројни екслозии вечерта“ напишаа од агенцијата на социјалните мрежи и додадоа дека им било кажано дека електраната била нападната со дронови.
Потоа МААЕ побарале пристап до кулите за ладење за да ја проценат штетата.
Официјален Киев ја обвинува Русија дека намерно го подметнале огнот.
„Русија мора да сноси одговорност за ова. Само украинска контрола врз нуклеарната електрана Запорожје може да гарантира враќање во нормала и целосна безбедност“ рече Зеленски.
Украинскиот министер за внатрешни работи рече дека Киев интензивно ги следи нивоата на радијација од околните метеоролошки станици.
Од електраната велат дека сите шест реактори во моментов се изгасени и дека нема опасност од експлозија или било какви дополнителни инциденти.
Во видеото кое го објави Зеленски се гледа темен чад како излегува од една од кулите за ладење и црвен оган долу.
Русија ја окупираше оваа нуклеарна електрана само неколку дена по почетокот на воената инвазија во Украина во февруари 2022 година.
Електраната се наоѓа на источниот брег на реката Днепро – де факто линијата на фронтот што минува низ јужна Украина.
Украина го контролира спротивниот брег и Русија постојано ги обвинува нејзините сили за намерно гранатирање на нуклеарната централа – тврдења кои Украина ги негираше.
Киев, пак, ја обвини Москва за милитаризирање на објектот, вклучително и со поставување тешко оружје таму на почетокот на конфликтот.
МААЕ постојано апелираше на воздржаност, велејќи дека стравува дека непромислена воена акција може да предизвика голема нуклеарна несреќа во централата.
Извор: France24