British Express истражуваше кои типови на автомобили најдобро ја задржуваат својата вредност, а кои најмногу ја губат.
Резултатите беа изненадувачки.
„Нашата анализа покажува дека спортските автомобили моментално се на врвот на листата за задржана вредност. Дел од причината е што на пазарот на нови автомобили има сè помалку такви модели, па добро сочуваните половни автомобили се сè попосакувани и барани, што, разбирливо, ја зголемува цената“, се вели во истраѓувањето.
По 36 месеци, спортските автомобили сè уште имаат 52,38 отсто од нивната малопродажна вредност. Слична вредност задржуваат и големите теренци теренци со 52,05 отсто.
Малите автомобили задржуваат 50,23 отсто од својата вредност по три години, по што следуваат луксузните хечбеци со 50,04 отсто и мини комбе со 49,16 отсто од вредноста на нов автомобил.