Кои автомобили најмногу ја задржуваат својата вредност?

Автомобилите губат вредност со текот на времето, а колку брзо зависи од неколку фактори, вклучувајќи го и типот на автомобилот. Автомобилот може да биде инвестиција, но сите знаат дека штом излезе од фабрика, тој веќе ја изгубил својата вредност.

British Express истражуваше кои типови на автомобили најдобро ја задржуваат својата вредност, а кои најмногу ја губат.

Резултатите беа изненадувачки.

„Нашата анализа покажува дека спортските автомобили моментално се на врвот на листата за задржана вредност. Дел од причината е што на пазарот на нови автомобили има сè помалку такви модели, па добро сочуваните половни автомобили се сè попосакувани и барани, што, разбирливо, ја зголемува цената“, се вели во истраѓувањето.

По 36 месеци, спортските автомобили сè уште имаат 52,38 отсто од нивната малопродажна вредност. Слична вредност задржуваат и големите теренци теренци со 52,05 отсто.

Малите автомобили задржуваат 50,23 отсто од својата вредност по три години, по што следуваат луксузните хечбеци со 50,04 отсто и мини комбе со 49,16 отсто од вредноста на нов автомобил.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни