Оваа најава доаѓа во момент кога и Пекинг и Вашингтон се обидуваат да избегнат нова ескалација на царините и да стабилизираат економските односи кои со години се под притисок на трговски спорови.
Според информациите, изјавата е дадена по одржаната видео-конференција меѓу кинескиот вицепремиер и главен трговски преговарач Хе Лифен и американскиот министер за финансии Скот Бесант. Разговорот, како што наведуваат кинеските медиуми, бил „отворен, длабински и конструктивен“, што се толкува како позитивен сигнал за можен напредок во дијалогот меѓу двете најголеми економии во светот.
Иако не се соопштени детали за конкретни договори или термини за средба, аналитичарите сметаат дека ваквите контакти претставуваат обид за обновување на довербата и создавање предуслови за поширок економски договор меѓу Кина и САД.
Извор: 24.мк