Килерс повикале Русин на сцената за време на концертот во Грузија по што публиката почнала да ја напушта салата

Американскиот алтернативен рок бенд, Килерс, се извини што донеле руски тапанар на сцената за време на шоуто во Грузија и што ги опишале присутните фанови како „браќа и сестри“, што предизвика свирежи од публиката.

Грузија има долга историја на тензии со нејзиниот северен сосед по обидот за инвазија во 2008 година, влошена со инвазијата на Москва на Украина во февруари 2022 година и последователниот голем прилив на руски емигранти кои избегаа од нивната земја.

Бендот, седум пати номиниран за Греми наградите на музичката индустрија, настапи во вторникот во црноморското одморалиште Батуми за време на нивната европска турнеја.

„Добри луѓе на Грузија, никогаш не ни беше намера да навредиме некого!“ велат од бендот во соопштението на својата Фејсбук страница, додавајќи дека тие имаат долгогодишна традиција да повикуваат луѓе од публиката да настапуваат на тапани.

„Признаваме дека коментарот, кој сака да сугерира дека целата публика и обожавателите на Килерс се ‘браќа и сестри’, може да биде погрешно протолкуван“, се додава.

Лидерот на бендот, Брендон Флауерс во обид да ја смири ситуацијата и свирежите откако Русинот се качи на сцената се обрати до публиката.

„Ве гледам како мои браќа и мои сестри“, рече Флоерс додека публиката свиреше..

Видеата на социјалните мрежи покажаа дека луѓето го напуштаат шоуто и ги исвиркуваат бендот. Поголемиот дел од грузиското општество е на страната на Украина во моменталниот конфликт.

Извор: Reuters

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни