Канабисот прави главоболки за идната германска владина коалиција

Една од пречките која се очекува да исплива на виделина при коалициските преговори во Германија може биде таа околу иднината Законот за канабис.
Фото: elsaolofsson, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Законот беше исгласан од СПД минатата година, а ЦДУ најавува можни измени. Сепак, индустријата останува оптимистична дека нема да има целосно повлекување.

Законот од април 2024 година го декриминализираше канабисот, ставајќи ја Германија во групата на европски земји како Португалија, Холандија и Шпанија. Меѓутоа, ЦДУ го нарече „неуспех“ и вети промени.

Шефот на Bloomwell Group, Никлас Купаранис, вели дека укинувањето на Законот би било „огромен чекор наназад“ и дека веќе лиценцираните клубови би можеле да бараат оштета. Само во 2024 година, увозот на медицински канабис се зголемил четирикратно, а продажбата достигнала над 185 милиони евра.

Клучно прашање е дали економскиот потенцијал на индустријата ќе надвладее над политичките поделби.

„Ако Мерц навистина е економски канцелар, ќе размисли двапати пред да ја запре оваа индустрија“, истакна Купаранис.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни