Протестнен марш „Кампањата на насилство мора да запре!“ ќе се одржи вечерва во Белград како знак за поддршка за универзитетската заедница поради честите закани, вербални и физички напади врз нејзините членови, еден ден по нападот со нож и повредата на деканката на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш, Наталија Јовановиќ, која беше нападната на протестот во Ниш.
Протестот го организираат Побунет универзитет, Слободен универзитет во Нови Сад, Слободен универзитет во Ниш и Слободен универзитет во Крагуевац.
Собирот ќе започне пред Ректоратот на Студентскиот плоштад во 18:45, а колоната ќе се движи, како што е предвидено, по Васина, Колаечева, улицата крал Милан, Ресавска и Немањина до Републичкото јавно обвинителство.