Камион на американската компанија за селидби U-Haul се залетал меѓу група луѓе кои се собрале на проирански протест во Лос Анџелес, јавуваат светските медиуми.
Според информациите, откако возилото влетало меѓу демонстрантите, присутните најпрво се тргнале од патот, а потоа почнале да трчаат по камионот, обидувајќи се да го сопрат и да го нападнат возачот. Инцидентот предизвикал паника и вознемиреност меѓу учесниците на собирот.
Камионот, на кој биле скршени стаклата и страничните ретровизори, бил запрен неколку блокови подалеку, каде што бил опколен од полициски возила. Засега нема информации за потешко повредени лица, а надлежните служби спроведуваат истрага за околностите и мотивите зад инцидентот.
