Популарната апликација TikTok, очигледно станува незаменлив дел од секојдневниот живот на милиони млади луѓе ширум светот, вклучително и во земјите на Балканот. Следејќи ја големата популарност, особено кај помладите генерации, многу образовни институции го препознаа потенцијалот на оваа платформа како моќна алатка за промоција и ангажирање.
Па така образовните институции, преку TikTok, почнаа не само да привлекуваат нови генерации на студенти, туку и да го редефинираат начинот на кој тие се претставуваат во онлајн светот.
TikTok како креативна алатка за привлекување на идни студенти е идеална платформа. Преку кратки, неформални и динамични видеа, факултетите можат да го пренесат искуството на нивната институција, вклучувајќи ги секојдневни активности, спортски настани, церемонии и омилените студентски забави. Ваквите видеа им овозможуваат на потенцијалните студенти да стекнат реален увид во атмосферата и културата на колеџот.
И сегашните, но и поранешните студенти на Тик Ток, можат да ги споделат своите искуства. Така, потенцијалните студенти ќе можат од права рака да слушнат за академските програми, за професорите и социјалните активности. Покрај забавната содржина, факултетите можат да креираат и едукативна содржина. Тие можат да прикажуваат информации за различни студиски програми, да споделуваат совети за учење, да ги запознаат своите професори и да одговараат на прашања од љубопитни студенти. Со тоа ќе им се помогне на дипломираните студенти подобро да се подготват за прием и да разберат што можат да очекуваат од нивното образование, доколку се запишат на тој факултет.
Можат да се снимаат и содржини со професорите но и со сегашни и поранешни студенти. Во видеата можат да бидат прикажани и истакнати студентските активности и тоа како студентски филмови и студентски поткаст. Факултетот за реализирање на овие видеа треба да понуди опрема, како и менторство од искусни професионалци кои ги водат студентите.
Овој вид на автентичност може да им помогне на образовните институции да се прикажат како пристапни и пријателски.
Дополнителни придобивки на Универзитетите се студентските здруженија, можноста за размена (билатерални и Еразмус патувања), можност за практикување во познати компании и Work and Travel.
TikTok претставува извонредна можност за сите факултети, без разлика на насоката, да се поврзат со младите и да ги претстават своите програми и активности на атрактивен и модерен начин. Преку автентични и креативни видеа, директна интеракција и обезбедување информации, училиштата можат да ја доближат својата институција до потенцијалните студенти, да ги покажат академските и социјалните аспекти на животот на колеџот и да ги истакнат уникатните можности што ги нуди колеџот.
Платформата TikTok, нуди, всушност релаксиран пристап во комуникацијата со идните студенти бидејќи преку видеата се пренесуваат корисни информации, често базирани на искуствата на постарите студенти кои ја пренесуваат културата и вредностите на факултетот.