Македонија поседува разни туристички атракции. Од големите планини што нудат одлични зони за скијање, до езерата што не оладуваат во текот на летото. Архитектурата низ градовите е впечатлива, но и самото зеленило е бујно во нашата држава. Со одлични услови за развивање на туризмот, не треба да ги пропуштиме Амстердамските кафулиња за канабис.
Канабисот во Холандија е декриминализиран, со тоа што на улиците (освен во означени зони) не смее да се консумира, туку во приватноста на домовите. Низ градот се наоѓаат разни кафулиња кои можете да ги посетите. Кафулиња кои практочно ги споиле диспензерите за марихуана со менито за кафе. Тоа значи дека таму можете дур седите внатре во кафулето, легално да консумирате различни врсти на канабис секоја со различна намена за секој човек и неговите потреби.
Ако за нив е присотен овој начин на употреба на канабисот, тогаш зошто не и за нас?
Два студенти напишале текст за нивното искуство со кафулињата во Амстердам и како тие можат да понудат одличен вајб за луѓе кои се мераклии на убавите работи:
„Амстердам е глобално познат по својата култура на „кафулиња“(места каде што возрасни луѓе можат да консумираат марихуана со избор од различни видови за различни намени), но повеќето луѓе не знаат како е всушност внатре.
Јас и мојот пријател од студентскиот дом, Крис, решивме да одиме да дознаеме.
Не е тешко да се најдат „кафулињата“. Во центарот на Амстердам ќе најдете многу од нив расфрлани низ мрежата на пекари и пицерии, барови и клубови.
Но, пред да дојдеме до тоа што се случува внатре, некои од вас можеби сè уште не се свесни за тоа што всушност се „кафулињата“ во Амстердам.
Како што сум сигурен дека сте погодиле, кафулињата во Амстердам не се како другите редовни кафулиња низ светот. Во Амстердам тие се познати како koffiehuis или „кафуле“.
Кафулето во Амстердам е место каде што луѓето одат да купат и пушат канабис. Помислете на тоа како амстердамската верзија на диспанзер за марихуана вкрстен со обично кафуле. Канабисот е декриминализиран во Холандија од 1972 година, а „кафе-шоп“ е терминот што се користи за легалните диспанзери на производот. Ако сакате да бидете двојно сигурни дека сте пред кафе-шоп, можете да ја проверите зелено-белата лиценца што треба да биде прикажана на вратата.
Ако сте странец, најдобро е вашето искуство во кафулето да го задржите во Амстердам. Додека тие работат низ целата земја, многу други градови бараат холандска лична карта или имаат директни забрани за странци. Амстердам е дефинитивно најпријателскиот град за туризам во кафулиња.
Бидејќи во Амстердам во денешно време има толку многу кафулиња, секогаш е добро да се добие препорака. Ни беше кажано да го пробаме кафулето „420“, па натаму се упативме.
Штом влеговме внатре, забележивме дека е малку зачадено (очигледно) и мириса како што може да очекувате да мириса, но всушност е пријатно и не задушува. Местото изгледа како секој обичен паб – долг бар обложен со столчиња, неколку маси покрај ѕидот и уште неколку пријатни сепариња за одмор.
Момчето зад шанкот ме поздравува пријателски и ме прашува дали може да помогне. Прашувам дали можеме да го видиме менито, а тој ме покажува на другиот крај од шанкот каде што стои друг член на персоналот.
Брзо го разгледавме менито и ја прашавме девојката дали може да ги објасни различните ставки. -Многу луѓе го избираат најевтиниот вид или оној со најкул име, но добра идеја е да ги разберете разликите помеѓу секој од нив, особено ако не пушите често.
Додека го објаснува секој вид, таа отвора и огромен сад со туфки и ни дозволува да ги погледнеме и да ги помирисаме. Навистина е чудно да се види толкава количина на трева на отворено на едно место.
Ја прашавме дали може нешто да препорача.
„Пробајте го NY Diesel“, вели таа. „Тоа е добро“.
„Но, звучи некако силно, дали ќе бидеме предувани?
„Не, ќе биде добро, момци пушите многу трева, нели?
И двајцата се гледаме и се смееме.
„Па всушност не, не навистина…“
„Ох! Па, можеби треба да го пробате Haze наместо тоа. Тоа е убаво“.
Откако го изнамирисавме „гането“, купивме грам од „420 Haze“. Таа го измери на нејзината мала вага од нерѓосувачки челик, како да купуваме зачини на пазар. Потоа го става во мала зиполок торбичка и ни го даде.
„Забавувајте се“, ни се насмевна таа.
Најдовме место во шанкот и завиткавме џоинт. Најубавата работа е што ви обезбедуваат ризли за ролање и кибрит и сè друго што ви треба, така што навистина можете да се појавите кога сакате и да се препуштите. Исто така, ви нудат голема тегла со мешавина од билки како чај од жалфија и други работи – луѓето го користат ова за да го измешаат својот производ, бидејќи не ви е дозволено да пушите тутун внатре.
Кога Крис конечно го запали џоинтот, долго повлече, а потоа ја крена главата.
„О, боже пријателе, толку е силно“, се смее тој.
Повторно повлече, а потоа ми го подаде.
После тоа бевме жедни. Интересната работа за кафулињата е дека тие всушност не смеат да служат алкохол – можат да служат канабис или алкохол, но не и двете.
Нивното мени за пијалоци е газирани сокови, кафиња, чаеви и топло чоколадо.
Двајцата нарачавме чај, а по тоа се смиривме.
До нас седат двајца средовечни момци. Тие седеа таму и разговараа и пушеле пред да стигнеме и сè уште пушеа кога заминавме.
Зад нас, неколку девојки делат џоинт и скролаат на нивните телефони.
До нив, маса со млади момци кои играат карти.
Во аголот, група луѓе кои изгледаат како да седат таму и пушат од вчера.
Кога чајот и џоинтот завршија, јас и Крис само седевме таму и го гледавме Animal Planet, кој беше пуштен на големиот екран. Разговараме со Италијанецот зад шанкот кој ни кажуваше се за продавницата и како е да се живее во Амстердам.
„Го гледате ова место, полно е со Италијанци. Ова е се што прават Италијанците, пушат трева и не прават ништо. Затоа ние сме најлошата земја во Европа во моментов“, се смее тој.
Крис и јас го поминавме следниот час разговарајќи за патувањето, девојките, подкасти, живот. Потоа, дур да сфатиме колку време поминало, дојде скоро 1 часот по полноќ – време на затворање.
Ги зграпчивме нашите работи и излеговме низ вратата, сè уште ѕујнати, подготвени за добар сон. Без скапи пијалоци, без шут, без мамурлак, без трошоци за покривање, без тепачки, без пијани искушенија. Само мирна вечер и рана ноќ.
Можеби на крајот на краиштата, Амстердам ја погодиле.“
Марихуаната е одлична за консумирање во систем на кафулиња затоа што нуди различна перспектива на дружбите. За разлика од алкохолот кој предизвикува агресија, насилство и го става егото во центарот, марихуаната помага со снижување на егото и може да ви помогне подобро да размислите пред да направите некоја драстична одлука. Со очигледниот раст на интересот кон тревата, Амстердамските кафулиња се одличен пример за развитокот на македонскиот туризам.
Среќен 4.20.2024!