Каја Калас предупредува: Наредната недела може да биде пресудна за Украина

Шефицата на европската дипломатија најави критични денови за преговорите меѓу Украина и САД, во момент кога се водат интензивни дипломатски напори за завршување на конфликтот.

Наредната недела би можела да стане „пресудна“ за иднината на Украина, изјави денес високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, по пристигнувањето на состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Брисел.

Калас истакна дека европските институции внимателно ги следат преговорите помеѓу високите украински и американски делегации, кои во изминатите денови се одржаа на Флорида. Според неа, разговорите биле „тешки, но продуктивни“, а очекувањата се дека во следните денови ќе се појават првите конкретни сигнали дали е можен договор за дипломатски напредок.

„Наредната недела може да биде пресудна за дипломатијата“, нагласи Калас. „Сè уште ги немаме финалните резултати, но денес ќе разговарам и со украинскиот министер за одбрана, како и со министерот за надворешни работи, за да добиеме јасна слика за следните чекори.“

Американската и украинската делегација ги оценија разговорите како „продуктивни“, особено во однос на планот што САД го презентираа пред десет дена, а чија цел е создавање услови за политичко решение на конфликтот. Американскиот претседател Доналд Трамп изрази оптимизам околу процесот, додека државниот секретар Марко Рубио беше повоздржан, предупредувајќи дека „има уште многу работа.“

Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски денес треба да се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз, продолжувајќи ги европските дипломатски консултации во пресрет на потенцијално клучната недела за украинската криза.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни