Израелската војска упати необично предупредување до функционерите на иранскиот режим кои се присутни во Либан, соопштувајќи дека ќе станат мета на напади доколку не ја напуштат земјата во рок од 24 часа.
„IDF ги предупредува претставниците на иранскиот терористички режим кои се уште се во Либан да заминат веднаш, пред да станат мета на напади“, изјави портпаролот на војската, полковник Авичај Адраее.
Тој додаде дека војската нема да толерира присуство на ирански функционери и дека по истекот на 24 часа нема да има безбедно место за нив во Либан, а IDF ќе ги гаѓа каде и да се најдат.
Милитантното движење Хезболах од Либан испука неколку ракети врз Израел како одмазда за израелско-американските напади врз Иран, отворајќи нов фронт во конфликтот. Израел одговори со воздушни напади врз позиции на Хезболах, вклучувајќи ги и оние во главниот град Бејрут.