Најубавите македонски љубовни стихови, сега се на едно место во најобемниот тематски избор од современата македонска поезија објавен досега, во новата книга „Македонска љубовна лирика“ приредена од Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски.
Во годината кога чествуваме 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски, авторот на „Дениција“ „Македонска љубовна лирика“ е стихозбирката којашто е химна на космичката љубов, на жената и татковината.
„Со читањето на стиховите од „Македонска љубовна лирика“ ни се враќа вербата дека и во ова наше време, може вистински да се љуби и македонската поезија да се чита со страст“ , ќе напише издвачот.
Книгата е достапна во книжарниците на Club Matica.