Италијанската полиција се судри со пропалестински демонстранти кои сакале да го блокираат аеродромот во Торино

Голем број полицајци ги пречекаа демонстрантите во близина на оградата на пистата на аеродромот во Торино и ги турнаа кон патот, на кој имаше полициски кордон

Италијанската полиција се судри со неколку илјади пропалестински демонстранти, кои маршираа од центарот на Торино до аеродромот, со намера да го блокираат.

„Сакаме да се стави крај на геноцидот во Газа и ционистичкиот Израел да престане“, рекоа организаторите на демонстрациите пред да го напуштат плоштадот Криспи, пренесува Анса.

На чело на колоната беа неколку стотици луѓе на велосипеди, а зад нив граѓани носеа транспарент на кој пишуваше: „Стоп на израелскиот Трет Рајх кој убива деца и новинари“.

Голем број полицајци ги пречекаа демонстрантите во близина на оградата на пистата на аеродромот во Торино и ги турнаа кон патот, на кој имаше полициски кордон. Полицијата им дозволуваше да поминат само на луѓе кои имаа карти за влез во авионот.

По неуспешните преговори со полицијата за да им се дозволи да поминат, демонстрантите почнаа да фрлаат камења, стаклени шишиња, димни бомби и топовски истрели кон полицијата, удирајќи ги со рачките од палестинските знамиња што ги носеа.

Полицијата одговори со водни топови и солзавец, по што демонстрантите се повлекоа, но веднаш најавија дека ќе се вратат и ќе се обидат да стигнат до аеродромот по други патишта.

„Блокадата на аеродромот е наше противење на континуираните летови до Тел Авив, кои им овозможуваат на израелските војници да дојдат во Италија за да се одморат од геноцидот“, рекоа организаторите на демонстрациите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни