„Неформалните ИТ заедници на Белград, Нови Сад, Крагуевац и Ниш, кои обединуваат вработени во ИТ секторот, под името ИТ блокада, ќе се приклучат кон блокадите на студентите за пофер систем и достоинство на работата, објавива вчера во нивното соопштените.
„Бидејќи барањата на студентите сѐ уште не се исполнети, повторно излегуваме на улиците во среда, на 12 февруари, заедно со студентите и просветните работници– бидејќи ова не е само студентски проблем, ова е борба на сите нас“, соопштија тие.
„Во моментов имаме повеќе од 15.000 членови. Ние, кои секојдневно развиваме технологии на иднината, не можеме да останеме неми пред неправдата која го задушува потенцијалот на оваа земја. Ова не е само протест – ова е порака дека нема да застанеме додека не се избориме за систем кој ќе го цени знаењето, трудот и правдата. Студентите со месеци покажуваат храброст и решителност – сега е наш ред да стоиме со нив“, додаваат.
Од ИT Блокада додаваат дека јавно се дистанцираат од какви било политички струи и идеологии. „Нашата единствена цел е општество во кое владеењето на правото, работничките права и образованието ќе имаат достоинство какво што заслужуваат“.